среда, 25 декември, 2025 година

Во Европа во 2019 се продадени 6 милиони нови СУВ возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Податоците на JATO Dynamics за минатата календарска година велат дека бизнисот со продажба на нови возила за 2019 година се има подобрено за 1,1% до ниво од 15.757.412 автомобили. Од нив 6.030.481 биле претставници на исклучително популарниот во последните веќе десет години СУВ сегмент.

Во 2019 година тенденцијата од последните седум години продолжи и од JATO одбележуваат нов двоцифрен процентен раст во Европа, овој пат со 12%, што го зголемува доминантното присуство на СУВ до пазарниот дел од 38%.

- Advertisement -

Од JATO коментираат, дека СУВ моделите се меѓу основните мотори на големиот дел од автомобилските производители кои ставаат акцент на пазарното претставување на Volkswagen Group, каде учеството на пазарот се зголемило со 8,7%. Слична е ситуацијата и кај Volvo (+8,2%) и Suzuki (+6,5%). Кај Volkswagen зголемувањето на продажбите е за 37% односно 1,38 милиони примероци во споредба со 2018 година, станувајќи првата компанија со повеќе од 1.000.000 реализирани СУВ возила во Европа.

Со зголемувањето на учеството на пазарот од 3% до 38%, СУВ автомобилите се барем двапати побарани во Европа од втората по популарност група, таа на субкомпактните, со нејзините 19% пазарен дел (20% во 2018 година). Компактните модели се третите по привлечност за европските корисници со учество на пазарот од 17%.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја