Снегот нема да нѐ изненади!

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено секоја година кога очекуваме да падне снег, од градските власти да стигнуваат најава дека се подготвени за зимата. Но, кога снегот ќе падне, доаѓаат и проблемите, па изгледа како да не сме целосно подготвени за неговото доаѓање.

Градот Скопје одлучил годинава да не го дозволи тоа. По најавите за обилни врнежи од снег и ниски температури, градоначалникот Коце Трајановски денеска одржал координативен состанок со зимската служба и со претставници од општините.

„Подготвени сме за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. За чистење на снежните наноси од коловозите Градот Скопје оваа сезона располага со 24 возила и со доволно количество сол, односно со 2.500 тони сол“, пишува во соопштението од Град Скопје.

Од Градот им препорачаа на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Го очекуваме снегот, и подготвеноста на зимската служба.
Нека паѓа слободно…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK