понеделник, 25 декември, 2025 година

Направен прототип на електромобил од ѓубре

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Студентите на Техничкиот универзитет во Ајндховен во Холандија изработија прототип на електромобил, изработен од материјали за рециклирање. Пластичната каросерија ќе биде направена од користена пластика, а шасијата од полимери и преработен алуминиум, а материјалите ќе се добиваат од ѓубре од океанот.

Авторите на проектот Luса сметаат дека ако успеат да создадат електромобил од материјали за рециклирање ќе привлечат големо внимание кон прашаања за екологијата и преработката на отпадоци. Универзитетот од Ајндховен веќе склучи договор си јиноабуахта UBQ од Израел за значитеелн развој на алтернативни материјали како ленено влакно.

- Advertisement -

По идеја градскиот електромобил со две седишта ќе биде придвижуван со вкупна моќност од 20 коњски сили кои ќе добиваат енергија од шест батерии со компактни размери. Во моментов Luса има само компјутерска графика, но холандските студенти ветуваат функционален прототип за пола година.

Тоа не е првиот проект на Техничкиот униерзитет од Ајндховен во областа на еколошкиот транспорт. Пред три години истата екипа изгради биоразградлив автомобил Lina, кој достигна фаза на тестови на автопат.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја