Зошто Јапонците сè поретко ги перат автомобилите?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Жителите на Јапонија ги перат сè поретко своите автомобили, а ова го посочува анализа направена од маркетинг компанијата GfK Jаpаn. Во истражувањето учествувале 15.000 сопственици на возила од секакви групи и тоа од двата пола.

Околу 37% од Јапонците ги перат автомобилите меѓу три и шестпати годишно, а 23% го прават тоа меѓу 7 и 12 пати. Според бројките 20 проценти од возачите ги перат возилата барем еднаш месечно. Околу овој број се и учесниците во анализата кои признале дека своите автомобили ги перат еднаш до двапати во годината.

- Advertisement -

Резултатите од анализата покажуваат дека во последните десет години делот на Јапонците кои почнале почесто да ги мијат своите автомобили е едвај 11 проценти. Далеку повеќе (48%) се оние кои тоа го прават сè поретко.

Cпoрeд GfK Jаpаn тенденцијата се објаснува со две основни причини. Од една страна Јапонците имаат сè помалку време и можности да обраќаат внимание на автомобилите, а од друга зголемена е популарноста за хемиски препарати за заштита против валкање.

Повеќето Јапонци (51%) ги перат автомобилите сами, а околу 38% користат автоматски автоперални, додека другите 11 проценти претпочитаат рачно перење. Незадоволството од роботите е поцелосно. Околу 40% од возачите, кои ги користат се жалат на остатоци од мрснотии и уште толку друга нечистотија. Покрај тоа 41% од клиентите на разчните автоперални пак се жалат од високата цена на услугата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја