сабота, 25 декември, 2025 година

Не претерувајте со варено вино: И со една испиена чаша може да имате проблеми во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Декември, па и јануари се месеци полни со празници, време за почести дружења со семејството, пријателите и често излегувања надвор од домот. Кога е студено времето многу често и доста популарно е да се пие варено вино. Сега го има често во понудата насекаде, во секоја новогодишна куќичка на плоштадите каде се организираат новогодишните базари.

Ако навистина пиете топол пијалок што го загрева вашето тело за време на студените ноќи внимавајте пред да седнете зад воланот на автомобил. Во зависност од температурата на варењето, во него може да има останато многу алкохол.

- Advertisement -

Топлите пијалоци ја забрзуваат циркулацијата на крвта во гастроинтестиналниот тракт, што значи дека алкохолот ќе навлезе поефикасно во сите пори на вашето тело.

Еден маж од 80 килограми би можел да има околу 0,35 промили алкохол во телото по една чаша варено вино, а една жена од 60 килограми може да има околу 0,5 алкохол во своето тело после само една чаша. А доколку решите да се напиете две чаши – тогаш сигурно паѓате при алкотест на сообраќајната полицја.

Значи, после пиење на варено вино, внимавајте да не возите! Сега казните се доста големи, а полицијата има чести контроли на патиштата и сообраќајните билтени се полни со бројни на казнети возачи.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја