понеделник, 26 јануари, 2026 година

Осум основни грешки при давање на струја

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кога се користат каблите за струја при давање на струја на автомобили со истрошен акулуматор, секогаш се поставува прашањето дали тоа е безбедно? По форумите на интернер се среќаваат спротиставени одговори, кои се аргументирани со најразноразни примери. Производителите се оправдуваат со формулацијата дека моторот може да се стартува со помош на надворешна батерија „согласно приложената шема“. Инструкциите, епак, молчат за прашањето за директно поврзување на акумулаторите на два автомобили со кабли.

Давањето на струја е дозволено, но непожелно за колата-донатор, а тоа го смета експертот на руското списание „За тркалото“, Михаил Колодочкин. Кога автомобилите имале далеку попрост механизам, тоа беше секојдневна појава. Денешните автомобили се речиси мобилни компјутери и оваа наизглед рутинска операција крие опасности за борд електрониката.

- Advertisement -

После детално проучување на упатсвата за експлоатацијата на некои од најпопуларните модели на пазарот и консултацијата со специјалисти од официјалните сервиси, Колодочки ги преброил ризиците од давањето на струја и најчесто случуваните грешки, резултат од кој понекогаш може сериозно да се истенчи портфолиото.

Се работи за осум грешки.

1.Не давајте струја на автомобил, чиј стартер работел нормално пред да се истроши акумулаторот. Проблемот не е во амперчасовите, туку во неисправноста заради која автомобилот не можел да запали. Во спротивен случај вашиот акумулатор исто така е во опасност.

2.Не се обидувајте да го стартувате автомобилот, кој има многу помоќен акумулатор. Во топлината, овој број може и да мине, но неопходната струја нема да биде кој знае колку.

3.При поврзување на каблите не треба прво да се поврзат минусите. Во книгите нема разлика во однос на редоследот, но на практика не е така. Ако се поврзат прво негативните полови, тогаш ризикувате со каблите со плус да стигнат до метален детаљ. Резултатот е исфрлање искри, чад, а во најлош случај, пожар. Ако се поврзат прво плусовите таквата опаснсот ја нема. Освен ако не го испуштите негативниот кабел точно над клемата со плус.

4.Не се обидувајте да давате струја со тенки кабли или проводници. Ефект нема да има, освен што може изолацијата да почне да се топи пред вашите очи и да изгори. Единствениот случај во кој тенките жици можат да завршат работа е да бидат поврзани без да се обидувате да го стартувате моторот. Така некаква енергија може да премине од полнењето кон потрошениот акумулатор. Безбедниот обид за палење може да се направи едвај после отсекувањето на ланецот.

5.При поврзување на негативните проводници по можност не ги фаќајте стегачите директно за клемата со минус на испразнетиот автомобил. Обидете се да побарате метален детаљ под хаубата за да го намалите до го минимизирате отпорот по патот на струјата до стартерот. Кај современите автомобили чии мотори се покриени со капаци од пластика тоа не е лесна задача. Силата протекува, така што ризикот од експлозија се намалува со одвојување на гасот од потрошениот акумулатор.

6.Не давајте друг да ги поврзува каблите. Завршете ја таа работа сами. Убедете се лично дека каблите не допираат до ниту еден подвижен дел како лопатките на вентилаторот или роторот на моторот. Проверете неколкупати и дали е испочитуван поларитетот.

7.Не исклучувајте ги глемите од акумулаторот на автомобилот донаор. Електрониката кај современите автомобили може да го истолкува тоа и како вонредна ситуација и да го блокира множеството системи до сервисниот специјалист. Со постарите автомобили нема да има проблеми, освен ако не се смета аудиосистемот.

8.При доставување на струја нема смисол моторот на донаторскиот автомобил да работи. Огромна чест од оптоварувањето е резултат на акумулаторот, а електронските блокови често даваат грешки при поврзувањето на надворешните системи. Подобро не ризикувате да дојде до дефект на некој скап модул дури и да сте убедени дека нема опасност.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја