Серискиот електричен кросовер на Mercedes-Benz дебитира во септември (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот електричен кросовер на Mercedes-Benz, EQ-C ќе биде претставен во сериско производство за време на затворената презентација на 4 септември во рамки на конференцијата во Стокхолм.

Официјалната премиера на автомобилот се очекува за време на саемот во Париз оваа есен, а во САД електричкиот кросовер ќе биде покажан на саемот во Лос Анџелес.

Официјалните технички детали засега не се објавуваат, но како ориентација за нив може да се користат тие од истоимениот концепт на Mercedes. Силниот агрегат развива моќност од 408 коњски сили, забрзувањето од место до 100 км/ч се достигнува за пет секунди, а со едно полнење во зависност од избраниот циклус на движење може да бидат поминати од 400 до 500 километри.

Во основата на Mercedes-Benz EQ-C лежи платформата MEA (Modular Electric Architecture), која во иднина ќе се користи од страна на Германците за целата гама на електрични модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK