Скандалот во Германија со откажувањето на Месут Озил од репрезентацијата после Светското првенство во Русија добива сè поголем размер. Овој пат скандалот е проширен бидејќи во отворено писмо, доскорешниот репрезентативец на Германија се обрати до медиумите и спонзорите. Додека ги фали Adidas, Beats и BigShoe, потцртувајќи го фактот дека се лојални партнери кои продолжуваат да работат со него и покрај скандалот, тој упатува обвинување кон еден од најголемите германски производители на автомобили, Mercedes-Benz.
Играчот на Арсенал во писмото не упатува директно обвинување кон компанијата од Штутгарт, но од она што го пишува лесно може да се заклучи дека алудира на оваа компанија. Според обвинението, тој требало да снима рекламно видео за Mercedes-Benz за Светското првенство.
После фотографијата со претседателот на Турција, Ердоган која доведе до откажувањето на фудбалерот со турски корени од репрезентацијата на Германија, Daimler го исклучи од кампањата. Тој чекор беше ирончиен, бидејќи Mercedes-Benz како официјален спонзор на Бундес-тимот не е во особено добра позиција после скандалот за манипулирање на емисиите на штетни издувни гасови.
Во исто време од Daimler реагираа на обвиненијата на Озил. На твитер, Јорг Хове, раководителот на одделот за односи со јавноста, напиша дека автоконцернот од Штургарт и германската фудбалска репрезентација се партнери над 40 години, како во добри така и во лоши времиња. Дополни дека од Mercdes-Benz ќе ја разгледаат и анализираат ситуација пред да излезат со соопштение.
https://instagram.com/p/BliPXAMnp0-/?utm_source=ig_embed
Каква бура на реакции предизвика писмото на Озел покажува и фактот што има над 10.000 коментари под неговото обраќање само на Инстаграм.