Од септември во Германија почнуваат продажбите на обновеното Audi A4. Со фејслифт седанот и комбито се добиваат различни браници, нови бандажи и дополнителен спортски пакет S line competition.
Рестилизираните А4 ќе се познаваат многу лесно по петаголните воздушни капи и вградени фарови за водење низ магла со основни светлини. Дизајнот на решетката на ладилникот зависи од верзијата на моделот.
Одзади има нови издувни цевки со трапезоидна форма, а меѓу нив има дифузер со помали размери од досегашниот. Обновеното А4 ќе може да се порача со бандажи со размер од 16 до 19 цола.
Пакетот S line competition (дополнување кон S line) вклучува и светодиодни фаори, спортска опрема, црвени запирачки апарати, лого на праговите и 19-цолови тркала Audi Sport. Специјално за таа линија ќе бидат достапни со нова боја со името Turbo Blue и заден спојлер како RS4 Avant.
Возилата со S line competition ќе се опремуваат исто со спортски седишта со комбинирана таписерија и волан со три краци.