Nissan пушти во продажба електрокампер (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компромисите со зачувувањето на природата веќе нема да им создаваат проблеми на вљубениците во кампувањето, а тоа е благодарение на Nissan. На саемот во Мадрид, јапонската компанија претстави два автомобили за патување, а едниот може да се порача и во електрична варијанта.

Електрокамперот (бело-зелениот – на фотографиите) е изграден на база на компактниот микробус NV200, додека бело-црвениот е базиран на поголемиот модел NV300.

Двата модели се во класата на лесни кампер возила со мал кујнски блок на левата страна. Во модулот се вградени фрижидер, приклучок за гас и мијалник. Во задниот дел од возилото има шкаф.

Кровот на двете возила се крева за да може внатре да се стои во исправена положба, а задното седиште се трансформира во кревет.

Серискиот микробус е NV200 и има батерија со капацитет од 40 кВтч, со која може да се поминат 280 километри. Придвижувачкиот систем и електромоторот со моќност од 109 коњски сили се земани од Nissan Leaf. NV300 пак е преработено Renault Trafic од третата генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK