Британската компанија Kantar Group која се занимава со истражување на пазарот го објави списокот на највредни брендови од автомобилската индустрија.
И оваа година како и низа претходни, на врвот на листата се наоѓа Toyota со вредност од 29.9 милијарди американски долари што претставува зголемување на вредноста за 5% во однос на ланската година. Како најголема причина за првата позиција на јапонскиот производител е тоа што за овој бренд сеуште е врзана високо ниво на репутација за квалитет и доверливост што генерира големо ниво на лојалност.
На втората позиција се наоѓа Mercedes-Benz кој од оваа позиција, благодарение на растот на вредноста на брендот од 9% го симна BMW. Така вредноста на брендот на Mercedes-Benz изнесува 25.68 милијарди долари додека на BMW изнесува 25.62 милијарди долари.
На четвратата позиција се наоѓа Ford кој е единствениот бренд на топ 10 листата кој забележа пад на вредноста во однос на минатата година. Така вредноста на брендот на овој американски производител изнесува 12.7 милијарди долари што е пад за 2% во однос на 2017 година. Најдобрата петорка ја комплетира Honda чиј бренд оваа година е за 4% повреден во однос на претходната.
Нови брендови на топ 10 листата се Maruti Suzuki кој се наоѓа на 9та и VW кој се наоѓа на 10та позиција. Листата на највредни 10 брендови ја комплетираат уште Nissan на 6та, Audi на 7та и Tesla на 8та позиција.