Американците веќе не веруваат во автономните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Според најновото истражување Автомобилската асоцијација на САД дојде до интересни податоци односно до податоци околу тоа како корисниците размислуваат во однос на автономните возила и нивното етапно лансирање на пазарот.

Инцидентите кои се случија пред скоро време со учество на автомобили опремени со системи за автономно управување, беа причина за опаѓање на довербата кон автономните возила. Според податоците дури 73 проценти од испитаниците изјавиле дека би се плашеле премногу да се возат во целосно автономно возило.

Во споредба со минатата година кога во истиот период било направено вакво испитување бројките се поголеми. Тогаш со ваков одговор се изјасниле 63 проценти од испитаниците.

Од проучувањето е дојде до заклучок и дека возачите стравуваат да бидат на автопат со автономни возила. Процентот на лицата кои се изјасниле со ваков одговор од испитаниците е 63.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK