Поради ризик од пожар, Jeep повлекува 50.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе и повеќе производители повлекуваат автомобили поради безбедносни причини. Статистиката говори дека од година во година се повеќе и повеќе автомобили се повлекуваат на дополнтелен сервис поради безбедносни причини однсно недостатоци, а ова често се користи за критикување на производителите. Од друга страна, група на критичари сметаат дека ова е добар и неопходен чекор доколку сакаме постојано да го унапредуваме квалитетот и сигурноста на автомобилите, патниците и севкупниот сообраќај.

Последен во низата производители кои се реши принудно на ваков чекор е американскиот производител Јееp кои во наредниот период ќе повлече речиси 50 илјади возила од моделот Cherokeе, опремени со 2.4 литарски MultiAir мотор.

Причината за повлекувањето е ризикот од пожар кој би можел да настане поради погрешо вградени конектори на една цевка наменета за снабдување со гориво. Ова го покажала внатрешната контрола на FCA по што веднаш следеше објава за јавноста каде FCA ги повикува сите сопственици на вакви модели да го контактираат локалниот дилер или да се јават на инфо броевите за да се информираат повеќе околу недостатокот и повлекувањето на SUV возилата.

Сепак од производителот напоменуваат дека од спорните возила покрај во САД има и во Канада каде нивниот број се проценува на околу 1.660 како и во останатите земји надвор од земјите од Северна Америка каде се проценува дека се наоѓаат не повеќе од 700 возила.

Ова е второ повлекување на Jeep годинава откако претходно повлече одредени модели исто така, поради безбедносен ризик.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK