недела, 25 декември, 2025 година

Турбуленции во Крагуевац – работниците во FIAT ќе работат на повик

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во фабриката на FIAT во српскиот град Крагуевац веќе подолго време не е како што треба да е. Чести прекини на производство, (не)платени принудни одмори, скратено работно време и редуцирано производство. Тоа е честата слика во последните две години.

И последната вест која ја објави првиот синдикалец на фабриката не оди во прилог на вработени, а при тоа во прашање повторно се става судбината на фабриката.

- Advertisement -

Зоран Марковиќ, претседателот на самостојниот синдиката на фабриката за српските медиуми изјави дека наскоро, работниците ќе работат по повик.

“Работниците ќе продолжат да доаѓаат на работа по повик затоа што менаџментот на компанијата донесе одлука да се произведуваат возилата само согласно побарувачката на светскиот пазар” изјави Марковиќ. Тој додаде дека работниците, во текот на принудниот одмор ќе примаат само 65% од просекот од последните 12 плати.

Со ова повторно се става под знак прашалник иднината на фабриката. Минатата година претставници на компанијата и Владата на Република Србија преговараа за продолжување на производството, а сега, по оваа ситуација повторно се најавуваат преговори на релација FCA – Влада на Република Србија.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја