Истражувањето направено во примерок од 1000 возачи, спроведено во Велика Британија окажало дека речиси секој четврти возач е подготвен да влезе во судир.
Резулатите од истражувањето докажало дека 22 проценти од испитаниците во текот на возачкиот стаж барем еднаш излегле од автомобилот и тргнале во вербален дуел со друг возач додека 19 проценти од нив отишле и чекор понатаму и го следеле другиот возач сè до крајот на неговиот пат за во живо да го решат прометниот инцидент.
Главната причина за судирите најчесто е одземање на предност, непрописно претекнување или неодржување на прописно растојание меѓу возилата.
Резултатите на ова истражување можат да се применат и кај други членки на Европската унија со оглед на тоа што културата на возачите во сообраќајот е на од прилика исто ниво, додека ситуацијата на балканското поднебје е уште полоша.









