вторник, 25 декември, 2025 година

Словенец доби 550.000 долари оштета од Tesla, а потоа изгуби на суд

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кон крајот на минатата година Грегор Лешник, работник од Словенија доби 550 илјади американски долари од Tesla на име оштета. Oвој работник заедно со други негови сонародници како дел од германската компанија Esienmann работел во Фримонт (Калифорнија) на изградбата на лакирница за потребите на Tesla. При тоа тој доживеал несреќа паѓајќи од третиот спрат поради што се здобил со скршеници на нозете, рацете, ребрата како и потрес на мозок.

Тогаш тој со неговите адвокати успеале да постигнат договор со американскиот производител и при тоа Лешник добил 550 илјади долари.

- Advertisement -

Сепак по исплатата на оштетата тој се предомислил и покренал нова тужба за злоупотреба и дискриминација на странски работници. Тој во тужбата навел дека работел и до 250 часа месечно за помалку од 950 долари што е значајно помалку од минималната плата во САД. Дополнително тој навел дека на странските работници им се заканувале со депортација или смалување на платата ако пријават повреда на работното место или се разболат.

Сепак судот во Сан Хозе (Калифорнија) ја отфрлил оваа тужба наведувајќи дека во првичната сума вклучени се сумите и по овие точки. Поради ова Лешник ќе мора да ги плати сите судски трошоци, пренесува словенечки zurnal24.si.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја