недела, 25 декември, 2025 година

Доживотен затвор поради улични трки!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Уличните трки дефинитивно претставуваат закана за безбедноста и здравјето како на учесниците така и на околината. Оттука овие трки може да се каже слободно дека се закана за општата безбедност. Оттука најразлични национални законодавства најразлично ги санкционираат овие диви, улични трки, но последната вест која доаѓа од Германија треба да ги загрижи несовесните возачи на градските улици.

Имено суд во Германија донел доживотна пресуда на двајца возачи кои наместо пристојно возење согласно условите, законите и правилата дивееле низ германските улици.

- Advertisement -

Станува збор за жители на Берлин кои пред три години тркајќи се низ улиците на овој град предизвикале сообраќајна незгода во која животот го загубил 69 годишен германец. Тој со своето возило Jeep Wrangler на сосема исправен начин ја поминувал улицата кога еден од сега осудените лица директно влетал во него.

Оваа одлука која е преседан во германското судство пред се поради тоа што праксата покажува дека ова не е убиство со предомисла, наиде на позитивни реакции во јавноста, а обвинетите иако се жалеле на сојузниот суд каде им била намалена затворската казна, сепак главниот суд во оваа земја неколку месеци подоцна повторно им ја потврди првичната пресуда.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја