среда, 25 декември, 2025 година

Како изгледа Corolla после еден милион километри?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Toyota Corolla е еден од најпродаваните автомобили во историјата, а тоа не е случајно.  Овие инаку, здодевни и скромни автомобили се сметаат како исклучително безбедни, а ако за нив се води грижа можат да служат со децении.

Белата Corolla E12 (на фотографиjaта) има поминато 999.992 мачни километри, во кои е користена главно како „товарен коњ“ за службени потреби. Возилото е купено во 2003 година од полскиот увозник на Toyota, што значи дека има поминато во просек по 62.500 километри годишно и имала само еден сопственик.

- Advertisement -

По каросеријата лесно се забележуваат делови со рѓа која ги нападнала праговите, рамките на вратите и деловите на предната суспензија. Состојбата на внатрешноста, сепак, е изненадувачки пристојна. Истрошеноста се забележува по воланот, педалите и менувачот, но генерално ентериерот изгледа задоволително.

Обично клиентите кои купуваат автомобили за слични цени избираат дизел мотор. Сепак, оваа Corolla  има 1,6-литарски бензинов мотор, на кој не се никакви ремонти. Возилото е чувано педантно според пропишаното од производителот и на секои 15.000 километри е вршен сервис во компанијата. За тоа сведочи документацијата од официјалниот полски дистрибутер на Toyota, кој меѓудругото е новиот сопственик на возилото. Ова не значи дека не се вршени поправки. За 13 години двапати е сменет кумплунгот и еднаш морало да се вари дел на менувачот.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја