сабота, 26 јуни, 2026 година

За рускиот електромобил Atom има над 100.000 нарачки уште пред да почне сериското производство

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Русија се подготвува за стартот на сериското производство на првиот домашен електричен автомобил Atom, кој треба да влезе на пазарот во 2026 година. Министeрот за индустрија и трговија, Антон Алиханов, потврди дека индустриското производство ќе започне до крајот на оваа година, при што проектот веќе бележи значителен интерес со над 105.000 преднарачки.

Технолошки насочен кон иднината
Atom е развиен од заедничкото претпријатие „Кама“ и Rosatom, со цел да стане водечки играч на локалниот пазар на електрични возила. Возилото се издвојува со свој дигитален екосистем и сопствена оперативна система, што овозможува иновации како:
* HUD дисплеј со проширена реалност,
* сензорски контроли интегрирани во воланот, кои го заменуваат класичното табло,
* гласовен асистент и
* напредна ADAS платформа со 17 функции за асистенција при возење (одржување лента, автоматско паркирање и др.).

- Advertisement -

Перформанси и практичност
Електромобилот нуди автономија до 500 км и брзо полнење: од 20% до 80% батерија за околу 25 минути, а целосно за приближно 80 минути. Производителот вклучи повеќе од 1.500 инженери од четири големи руски града (Москва, Толјати, Набережни Челни и Санкт Петербург), а дел од лабораториската работа е спроведена во Кина (Шангај и Нанкин).

Модели за различни потреби
Atom ќе биде достапен во повеќе конфигурации – за приватни купувачи, за државни институции (со посебен „службен“ пакет), како и за такси компании и оператори за car sharing услуги.
Производителот истакна дека 65–70% од компонентите ќе бидат обезбедени од руски добавувачи, со што ќе се намали зависноста од увоз. Цената сè уште не е објавена, но според официјални изјави, целта е Atom да биде достапен за масовниот пазар, со јавно откривање на финалната цена во моментот на стартот на целосното производство.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја