среда, 26 мај, 2026 година

Новиот Audi Q9 носи простор, луксуз и детали какви што досега немало кај брендот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Audi за првпат открива како изгледа внатрешноста на новиот Q9, својот прв голем SUV. Германскиот бренд најавува модел со до седум седишта, електрично управувани врати, голем панорамски покрив со променлива проѕирност и јасен фокус на луксузот, просторот и технолошкото доживување во кабината.

Audi полека ја подготвува сцената за еден од своите најважни нови SUV модели. Пред целосната светска премиера, брендот откри дел од ентериерот на новиот Q9 и јасно покажува во која насока оди овој автомобил – повеќе простор, повеќе комфор и уште посилен акцент на чувството што го нуди кабината. Според Audi, токму внатрешното доживување ќе биде една од клучните дефиниции на новиот Q9.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека Q9 ќе биде првиот голем SUV на Audi. Воедно, тоа ќе биде и модел што треба да постави нови стандарди кај брендот во поглед на просторноста и ексклузивноста. Извршниот директор Гернот Делнер посочува дека кај Q9, „Vorsprung durch Technik“ сè повеќе се дефинира преку искуството во внатрешноста на автомобилот.

До седум седишта и поудобен втор ред
Просторот е во самиот центар на приказната за новиот Q9. Audi ќе го нуди моделот со шест или седум седишта. Кај опционалната шестoсед конфигурација, вториот ред добива две индивидуални електрично прилагодливи седишта со активна вентилација во седалниот и грбниот дел, решение што Audi го споредува со комфор од бизнис-класа.

За оние на кои им е поважна семејната практичност, тука е и верзијата со седум седишта. Audi нагласува дека сите три седишта во вториот ред можат да добијат детски седишта, што е важен детал за секојдневната употреба. Потпирачите во третиот ред, пак, можат поединечно да се спуштаат електрично, со што Q9 полесно се прилагодува меѓу превоз на патници и товар.

Прв Audi со електрично управувани врати
Еден од најнеобичните детали кај новиот Q9 се електрично управуваните врати. Audi наведува дека за првпат кај нивен модел, сите врати можат да се отвораат и затвораат електрично. Тоа може да се прави преку клучот, преку апликацијата myAudi, преку MMI системот, но и со педалата за сопирачка или тока од појасот.

Практичноста не е единствената цел. Благодарение на сензорите околу автомобилот и системот за детекција на пречки, вратата ќе запре ако нема доволно простор за отворање. Audi наведува дека ова може да помогне и за поголема безбедност, на пример при приближување на велосипедист или друг учесник во сообраќајот.

Панорамски покрив со променлива проѕирност
Q9 добива и голем панорамски стаклен покрив со површина од околу 1,5 квадратни метри. Тој може широко да се отвори, а наместо класична ролетна, Audi користи решение со девет индивидуално контролирани сегменти во ламинираното безбедносно стакло, кои со притискање на копче можат да станат непроѕирни.

Дополнително, стандардното обложено ламинирано стакло одбива инфрацрвена светлина и блокира повеќе од 99,5 проценти од UV зрачењето. Кога автомобилот е паркиран, покривот автоматски преминува во непроѕирен режим, а при следното стартување се враќа последната избрана поставка. Во највисокото ниво на опрема, во покривот се вградени и 84 LED елементи, кои можат да светат во една од 30 бои, усогласени со амбиенталното осветлување.

Силна дигитална и звучна атмосфера
Audi особено го нагласува амбиентот во кабината. Во секој Q9, контурното осветлување на инструмент таблата и вратите ја нагласува ширината на ентериерот, додека индиректното осветлување под MMI panoramic display и кај централната конзола создава впечаток на „лебдечки“ елементи.

Во повисоката конфигурација „ambient light package plus“, тука е и континуирана LED светлосна лента што се протега низ целата ширина на кабината и комуницира меѓу патниците и автомобилот. Audi ја поврзува оваа функција со освежениот Bang & Olufsen премиум аудиосистем со 4D звук, кој додава и физичка димензија на слушањето преку актуатори во предните седишта. Така, музиката не само што се слуша, туку и се чувствува.

Нови материјали и повеќе практични решенија
Кај Q9, Audi најавува и поширок избор на материјали и бои. Во понудата влегуваат нови ткаенини и дрвени декори, како и премиум облоги од волна со алпака влакна, Dinamica микрофибер, комбинации од кожа, како и фина Nappa кожа.

Audi дополнително вели дека намерно го намалил користењето сјајни површини во корист на мат и текстурирани материјали, со што се добива попремиум изглед и помалку траги од прсти. Новите бои треба да помогнат кабината да изгледа помирно и порафинирано.

Практичноста не е заборавена. Централната конзола е редизајнирана и добива две безжични подлоги за полнење според Qi2.2 стандард, како и USB-C порти со моќност до 100 вати. Во багажникот има нов алуминиумски систем со шини, подвижни куки и прилагодливи точки за прицврстување на товарот. Audi дури наведува и дека со секој нов Q9 ќе доаѓа и roof rack за стандардните кровни шини.

Audi засега открива само дел од приказната. Брендот посочува дека целосниот потенцијал на новиот Q9 ќе биде претставен на светската премиера во летото 2026 година.

▶▶▶ Добивај директно АВТОМОБИЛСКИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. Со еден клик до сите вести.

 

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја