вторник, 26 мај, 2026 година

Новиот Renault 4 JP4x4 Concept изгледа како хит за летни авантури

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Renault подготви ново концептно издание на легендарната „четворка“ и повторно го сврте вниманието кон ретро инспирацијата. Новиот Renault 4 JP4x4 Concept ќе биде премиерно претставен на Roland Garros 2026, а носи отворена каросерија, впечатлива зелено-портокалова комбинација и електричен погон на сите тркала, создаден за песок, плажа и лесни авантури надвор од асфалтот.

Renault повторно игра на картата на емоцијата, но овојпат со многу повеќе слобода во дизајнот. Францускиот бренд го претставува Renault 4 JP4x4 Concept, нов концепт што ја оживува духот на историските изведби Plein Air и JP4, но во модерна електрична форма. Автомобилот ќе дебитира на 18 мај во рамки на Roland Garros 2026, каде Renault ќе го претстави како разиграна, летна и авантуристичка интерпретација на прочуената „четворка“.

- Advertisement -

Името JP4 е директна почит кон оригиналниот модел, но Renault му дава и ново значење. Во оваа верзија, JP4 може да се чита и како „journée à la plage“, односно ден на плажа. Тоа доволно кажува за карактерот на автомобилот. Ова не е класичен концепт насочен само кон шоу-ефект, туку возило замислено како симбол на лето, спорт, слобода и безгрижно уживање на отворено.

Renault 4 JP4x4 Concept веднаш привлекува внимание со силниот визуелен контраст. Каросеријата е обоена во бисерно зелена Emerald нијанса, додека ентериерот е изведен во впечатлива портокалова боја. Renault објаснува дека зелената е модерна интерпретација на историските Emerald и Lettuce тонови што ги краселе оригиналните „четворки“ во седумдесеттите и осумдесеттите години. Резултатот е автомобил што изгледа свежо, ведро и необично уште на прв поглед.

Концептот има две минималистички врати со класично отворање, отворена покривна структура во форма на крст и заден дел без класичен поклопец, кој се спушта како кај пикап модел. Со тоа, автомобилот добива уште посилен карактер на рекреативно возило и возило за на плажа. На покривот има даска за сурфање, а во багажникот скејтборди, детали што јасно ја заокружуваат неговата лајфстајл приказна.

Внатрешноста е замислена како модерна, проветрена и лесна, но и со јасни ретро алузии. Renault користи школкасти седишта со интегрирани потпирачи за глава, инспирирани од дизајнот на старите модели од седумдесеттите. Во кабината се комбинираат различни ткаенини, мрежести вметнувања и површини што му даваат спортски и разигран изглед. Истите материјали продолжуваат и на вратите, рабовите на багажникот и инструмент таблата.

На совозачката страна има и рачка за држење, наменета за понерамни терени, додека централната конзола е изведена како „лебдечка“, со што дополнително се нагласува чувството на леснотија во ентериерот. Renault посебно го издвојува и 3D печатениот страничен дезен, инспириран од светот на спортската облека и обувки, како уште еден елемент што го прави концептот поинаков од сè што обично се гледа во оваа класа.

Најголемото изненадување кај Renault 4 JP4x4 Concept не е дизајнот, туку техничката поставеност. Концептот е базиран на платформата на Renault 4 Savane 4×4 Concept од 2025 година и носи важна новина – дополнителен електричен мотор на задната оска. Тоа значи дека возилото добива постојан погон на сите тркала, што го прави посоодветно за движење по песок, чакал, камења и полесен офроуд.

Renault наведува дека токму овој систем покажува колкав потенцијал има платформата RGEV small за развој на електрични возила од B-сегментот со погон на сите тркала. Во превод, овој концепт не е само стилска вежба, туку и тест за идни можности во сериското производство.

За подобра подготвеност надвор од асфалтот, растојанието од подлогата е зголемено за 15 милиметри во споредба со стандардниот Renault 4 E-Tech electric. Задржани се 18-инчните тркала, но автомобилот добива специјални Goodyear UltraGrip Performance+ гуми со димензии 225/55, како и специфични „JP4“ фелни. Дополнително, трагата на тркалата е проширена за по 10 милиметри од секоја страна.

Ова е четврти концепт развиен врз основа на Renault 4 E-Tech electric, по FL4WER POWER, Savane 4×4 и Vision 4Rescue. Со JP4x4 Concept, Renault уште еднаш покажува колку е флексибилна оваа платформа и колку различни карактери може да понесе истиот модел – од урбано лајфстајл возило, до рекреативен автомобил за слободно време и авантури на плажа.

Воедно, JP4x4 Concept нема да биде единствената атракција на Renault на Roland Garros. Брендот таму ќе го прикаже и Renault 4 Roland-Garros E-Tech electric, кој исто така ќе има прво јавно појавување, и тоа во Plein Sud верзија со електрично управуван платнен покрив.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја