сабота, 25 јули, 2025 година

VW имале 23 милијарди приход во Франција од спорните дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Француската агенција за заштита на потрошувачите верува дека VW групацијата заработила 22,78 милијарди евра од продажба на возила со спорниот софтер за контрола на емисијата на штетни гасови во возилата, пишува весникот Le Monde.

Весникот се повикува на необјавен документ што агенцијата го испратила до обвинителството. Исто така наводно истрагата потврдила дека со мамење со емисијата на штетни гасови кај дизелските мотори, германскиот производител заштедил околу 1,52 милијарди евра колку што би требало да потроши за да ги поправи за да бидат во согласност со прописите.

- Advertisement -

Претставници на француската филијала на VW и државното обвинителство не сакале да ги коментираат тие информации. Во моментов VW се соочува со трошоци во САД во износ од 25 милијарди долари поврзани со скандалот „дизелгејт“, вклучувајќи ги и спогодбите.

Податоците околу продажбата и заштедите на VW во Франција, тамошниот суд може д аги искористи за одредување на висината н аказанта ако биде осуден за измама во случајот што против него го им апокренато канцеларијата на државниот обвинител во Париз.

Во агенцијата пресметале дека VW теоретски максималната казна би била до 10 отсто од вкупните годишни приходи, односно 19,73 милијарди евра, пренесува Le Monde.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја