вторник, 25 јули, 2025 година

Викенд во Скопје 88 возачи возеле пребрзо, а 11 под дејство на алкохол

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На подрачјето на СВР Скопје викендов се случиле 30 сообраќајни несреќи, во кои во 18 со полесни повреди се здобиле 13 лица, а 16 поминале само со материјална штета.

Во петокот на 24 февруари, се случиле 10 сообраќајни незгоди. Во четири од нив четири лица се полесно повредени, а во шест причинета е само материјална штета.
Единаесет сообраќајни незгоди се случиле во саботата, од кои во осум со полесни повреди се здобиле две лица, а кај седум е констатирана материјална штета.

- Advertisement -

Вчера е извршен увид на девет сообраќајни незгоди. Во шест незгоди со полесни повреди се здобиле седум лица, а во три е причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 88 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, девет возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и кај 44 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 92 возила

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја