Вознемирувачко видео од директниот судар на патот Куманово – Св. Николе (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави видео од вчерашната страотна сообраќајна незгода која се случи на патниот правец Куманово – Свети Николе, а во која се повредени четири лица.

На видеото кое се појави на YouTube се гледа како возач на Chevrolet Spark подолго време пред сообраќајната незгода вози прекршувајќи ги сообраќајните прописи. Во една кривина тој влегува во другата, спротивна лента од каде наидува возач на BMW и обидувајќи да го избегне сударот се судруваат директно.

Станува збор за 21 годишен шофер од селот Скачковце кој судејќи по видео снимката која може да ја погледнете во продолжение, е директен предизвикувач на оваа незгода.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK