Едно неочекувано спојување на автомобилски дизајн и модерна поп култура моментално ја освојува интернет сцената, а во фокусот е синиот амблем на Ford. Сè повеќе сопственици на Ford ги вртуваат емблемите наопаку – и тоа не е случајно.
Кога логото на Ford се погледне наопаку, стилизираниот фонт го формира зборот „brat“, што го прави овој мал визуелен трик особено интересен во контекст на тековната културна врева околу т.н. „Brat Summer“.
Иницијатор на овој TikTok тренд е корисничката Hailey LaRae (@haileylarae), чиј видео-клип со задната врата на нејзиниот Ford пикап со свртено лого – придружен од песната „365“ на Charli XCX – брзо стана вирален. Во видеото стои пораката:
„На тој што кажа дека кога ќе го свртиш логото на Ford се чита ‘brat’ – благодарам. Никогаш нема да го гледам исто.“
Овој дигитален тренд не е случајност – тој е директно поврзан со популарниот културен бран „Brat Summer“, инспириран од албумот „Brat“ на британската пејачка Charli XCX, кој во 2024 година стана вистински културен феномен.
Логото на Ford, која во сегашната форма постои од 2003 година, е базирана на потписот на основачот Хенри Форд. Но, благодарение на овој неочекуван визуелен ефект, логото доби сосема ново значење и симболика во дигиталниот свет.
Овој тренд покажува како брендовите – дури и оние со децениска историја – можат да добијат нова интерпретација преку креативноста на онлајн заедницата.