Доаѓа лето – како да се заштитите од комарците

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Потребата за природен штит од комарците се појавува по првите топли зраци. Затоа што во тие денови сè почнува да се буди – нашата желба за прошетки и патувања, но и природата, а со неа и комарците. Најмалку од се посакуваме нашите семејните излети во парк, одморот покрај море или попладневната седенка во дворот да ни го засени нивното постојано зуење. Особено кога покрај нас имаме бебе – нежно, чувствително и целосно зависно од нашата грижа.

Кај бебето нема компромис. Неговата кожа бара заштита што е подеднакво ефикасна и нежна. Заштита која е своевиден природен сојузник кој не го нарушува нејзиниот баланс, а успешно ги држи инсектите на дистанца.

- Advertisement -

Mapez на PHARMALIFE, во Македонија го увезува Галеника. Од таму велат дека станува збор за посебно формулиран производ, на природна основа што може да го користи целото семејство, па и бебињата уште од првиот ден по раѓањето.

Спрејот е комбинација на природни состојки што ослободуваат интензивен мириз, и кои го претвораат во тивок чувар на летните авантури. Во неговиот состав има масло од сладок бадем со богат букет од есенцијални масла: здравец, маточина, лаванда, лицеа и нане. Есенцијалните масла ослободуваат интензивен мирис кој е многу пријатен за луѓето, но непријатен за инсектите, истиот трае долго време. Оваа пријатна и освежителна комбинација за сетилото за мирис, која е ноќна мора за инсектите, е наменета за сите, возрасни и деца, кои преферираат да користат 100% природни производи.

Ефикасната формула ги остава бебињата и децата заштитени и слободни да го истражуваат светот околу себе. Кога ќе се нанесе на кожата делува долго, а нежната текстура се апсорбира лесно, без да ја направи кожата леплива.

Репелентот, како невидлива магична обвивка, треба да биде дел од летната рутина на секое семејство што сака да живее и да се дружи на отворено во природата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја