петок, 25 јули, 2025 година

Запознајте ја најекстремната нова Skoda – Enyaq RS Race

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Skoda ја претстави најновата и најагресивна верзија на својот електричен кросовер – Enyaq RS Race, развиена врз основа на освежената верзија на моделот Enyaq. Станува збор за динамична концепт-возила, чија цел не е само брзината, туку и експериментирање со иновативни и одржливи технологии кои можат да најдат примена во сериското производство.

Најголемата технолошка иновација кај оваа студија е широката употреба на биокомпозити изработени од ленени влакна. Овие еко-материјали не се само визуелен ефект – тие нудат слична цврстина и тежина како јаглеродните влакна, но со значително помал еколошки отпечаток.

- Advertisement -

Од нив се изработени браниците, калниците, покривот и големото задно крило, а и внатрешноста изобилува со исти материјали на таблата со инструменти, вратите и носачите за нозете. Со користење на поликарбонатни прозорци, тежината на возилото е намалена за 316 килограми во споредба со серискиот Enyaq Coupe RS.

Enyaq RS Race доби целосно нов и проширен бодикит со агресивни браници, нови отвори за вентилација, аеродинамични спојлери, огромен заден дифузер и минималистички странични ретровизори. Возилото се движи на лесни 20-инчни фелни од OZ Racing, со високо ефикасен карбон-керамички кочнички систем со десет клипови напред и четири назад.

Интериерот е целосно ориентиран кон тркачките перформанси. Наместо класични удобности, возачот располага со 5-инчен дигитален инструмент кластер и 13-инчен инфотејнмент екран. Тука се и тркачко седиште од Atech со шестточковни безбедносни појаси, отстранлив тркачки волан, автоматски систем за гаснење пожар. Звукот на моторните спортови го симулира озвучителен систем од Havas, кој се активира кога ќе се надмине брзина од 30 km/h.

За управување слично на Fabia RS Rally2, Enyaq RS Race располага со прилагодливо спортско ослонување, посебно подесени амортизери, хидраулична рачна кочница и преден и заден диференцијал со ограничено пролизгување. Возилото е спуштено за 70 mm за уште поспортски изглед и однесување на патот.

Под каросеријата, останува двомоторниот електричен погон на сите тркала од серискиот модел со 335 КС, кој овозможува забрзување од 0-100 km/h за помалку од 5 секунди, со електронски ограничена максимална брзина од 180 km/h.

Со оваа концептна изведба, Skoda ја демонстрира иднината на електричната мобилност – лесна, брза, еколошка и целосно подготвена за тркачката патека.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја