Објавени цените за новата Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во фабриката на Skoda во Млада Болеслав започна производството на новата генерација од Skoda Octavia, чешкиот производител ги објави продажните цени и нивоата на опременост за германскиот пазар.

Во понудата доаѓа со три нивоа на опременост – Active, Ambition и Style. Најевтината верзија чини 21.590 евра, а е со најниското ниво на опременост Active како и 1,0 литарски TSI мотор со 110 КС и шест степен мануелен менувач. Караванската верзија со исто ниво на опременост и ист мотор чини 700 евра повеќе.

Најевтината верзија со Ambition ниво на опременост чини 27.360 евра, а под хаубата е опремена со 1,5 литарски TSI мотор и 150 КС. Најскапата пак верзија опремена со ова ниво на опременост изнесува 32.380 евра и доаѓа со 2,0 литарски TDI мотор и седум степен автоматски менувач.

Најскапата верзија е опремена со истиот овој мотор, но со Style eниво на опременост. Истата оваа верзија чини 34.770 евра додека пак најевтината верзија со ова ниво на опременост чини 29.750 евра и доаѓа со 1,5 литарски TSI мотор.

Инаку оваа четврта генерација се базира на MQB платформата, а дДополнително, во текот на оваа година се очекува Scout и RS верзија.