Каква е иднината: Автомобилот ќе се отклучува со лицето

ОБЈАВЕНО НА:

Apple патентираше систем за препознавање на лице, кој дава пристап до автомобилот. Барањето за задржување на новите технолошки права беше поднесено на почетокот на 2017 година, но е регистрирано сега под името System and Method for Vehicle Authorization.

Патентната документација опишува два дела за добивање на пристап до возилото преку препознавање на лицето. Првиот им овозможува да се направи со помош на камера со автомобил, а вториот со користеер на апликацијата Face ID на смартфон Apple од модел X нагоре.

Системот на Apple за препознавање на лицето не само што дава пристап, туку и памети индивидуални поставки на возилото за различни возачи. Автомобилот самиот ја регулира позицијата на седиштата, ја пушта омилената музика и го вклучува преферираниот режим на клима според составениот профил на возачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK