Граѓаните кренаа глас – Протести и блокади против поскапувањето на горивата

ОБЈАВЕНО НА:

Последниот бран на поскапување на горивата ги испровоцира возачите во Србија и официјално да излезат на протест. Незадоволството од последната одлука на Владата придонесе на 8 јуни во 17 часот во повеќе градови во Србија да се одржи краток протест.

Граѓаните организирајќи се преку Фејсбук најавуваат дека на 8 јуни во 17 часот со своите автомобили ќе ги блокираат патиштата на местото каде во 17 часот ќе се наоѓаат. При тоа преку овој протест ќе бидат доставени три барања до надлежните институции.

Првото барање е и најважно и се однесува на донесување на нова цена на горивата која нема да биде повисока од 110 динари по литар за дизел и 120 динари по литар за бензин. Второто барање се однесува на начинот на пресметка на цената и предвидува на основната цена на бензинот да се пресмета данокот, па на тој износ акцизата, која не смее во никој случај да биде повисока од 50% од основната цена.

Третото и последно барање е поврзано со плинот. Така, барањата на протестирачите се однесуваат и на тоа да цената на плинот не смее да биде поголема од половината од цената на безоловниот бензин.

Причината за најавениот протест и овие барања е последние во низа покачувања на горивата кој слично како и кај нас, се наоѓаат на рекордно високо ниво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK