Автомобилот на Hispano-Suiza ќе чини 2,2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Уште на почетокот на годината беше обелоденето дека меѓу бројните изложувачи на саемот во Женева ќе биде и не толку познатиот Hispano-Suiza. Ова ќе биде враќање на овој бренд од минатото кој егзистираше до седмата деценија во минатиот век.

Се чини во овој старо-нов производител знаат како одат работите во светот на автомобилизмот, па своето деби во новиот милениум го прават со автомобил чија продажна цена изнесува ни помалку ни повеќе туку неверојатни 2,2 милиони евра.

Maguari HS1 GTC е називот на супер автомобилот кој ќе го придвижува 5.2 литарски twin-turbo V10 мотор со неверојатни 1085 КС. До 100 км/ч ќе забрзува за само 2,8 секунди. Максималната ограничена брзина изнесува 380 км/ч што го прави еден од најбрзите автомобили на денешницата.

За потсетување, овој шпански производител е формиран на 14 јуни далечната 1904 година во каталонската престолнина Барселона. Од историјата, до втората Светска војна, овој производител е најголем во Шпанија, а во меѓувреме под лиценцата на овој бренд се отвора фабрика и во Аргентина. Во периодот помеѓу 1918 и 1936 година, Rolls-Royce користи бројни патенти и тогашни иновации развиени од Hispano-Suiza. Сепак поради финансиски проблеми овој производител згаснува во 1968 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK