петок, 25 јули, 2025 година

Цело е кога има се – Fiat семејството во Македонија го доби TIPO Cross

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во понудата на Fiat во Македонија сега семејството на гамата на Tipo е збогатено со уште едне модел – Tipo Cross. Моделот доаѓа како дополнување на Hatchback, Sedan и Station Wagon верзиите. Новата гама TIPO е подновена со комплетен рестајлинг, нов дизајн – посмел, младешки и динамичен – технологија на највисоко ниво и нови еколошки мотори, со подобрени перформанси. Новата гама TIPO доаѓа со две нивоа на опременост: “Tipo” и “City Life” кои се на располагање со три варијанти на каросерија Hatchback, Sedan и Station Wagon.

Новото TIPO е комплетно подновен и денес се појавува како уште помодерен, подинамичен и елегантен. На новата предница се појавува редизајнирана маска на која се наоѓа и новото лого на Fiat, со букви испишано FIAT, значаен и силен став. TIPO е, меѓудругото, првиот автомобил на Fiat кој го применува ваквото лого, после новиот Fiat 500.

- Advertisement -

Предните фарови се комплетно редизајнирани. И предните и задните фарови сега се со технологија “full-led”: со тоа се зголемува како активната, така и пасивната безбедност – благодарение на поголемата видливост, со нив се истакнуваат не само линиите на автомобилот, туку му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават автомобилот поодржлив до најмалиот детаљ, ја намалуваат потрошувачката на електричната енергија во возилото – а, со тоа и емисијата на CO2.

Од страните, на нискиот дел на автомобилот кој што е комплетно редизајниран со вклучување на елементи во finishing ICE MATTE – засенчен хром – се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16” или 17” co дијамантирана обработка и нови дизајни.

Однатре, амбиентот е потполно нов. Седиштата се во штофови со ексклузивни дизајни. Дигиталниот команден дел со екран на допир од 7” може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. Исклучително технолошки и софистициран изглед кој овозможува целосна контрола над возилото во текот на возењето. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио UConnect 5 co екран на допир од 10,25” (како опционал).

Воланот, сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија, а исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран на допир од 7 ”. Посебно внимание е посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, каде се додадени хромирани и црни инсерти.

Новата гама на TIPO е на располагање и во две нови нијанси: сина – Oceano и портокалова Paprika.

Новото Tipo може да биде опремено со дизел мотор 1.6 Multijet, 120 КС моќност, 1.3 Multijet 95 КС   или пак co новиот бензински мотор GSE 1.0 T3 100 КС и бензискиот мотор 1.4 95 КС моќност.

Наскоро ќе бидат познати и цените на Tipo Cross..

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја