вторник, 26 април, 2026 година

Тизер на компактен СУВ на Mitsubishi за саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Јапонската компанија објави тизер за новиот компактен СУВ што планира да го претстави на саемот во Женева.

Моделот што се најавува има доста сличности со концептот XR-PHEV. Тој концепт заедно со XR-PHEV II служеа како најава за новиот компактен концепт. Покрај нив Mitsubishi го направи и eX, што можеби е најточниот показател како ќе изгледа серискиот модел.

- Advertisement -

Она што е сигурно, моделот ќе биде сличен на концептите, ќе има остри линии и благо закривени лини на покривот што ќе му овозможи да изгледа како купе СУВ. Делот кај тркалата е масивен, а позади има модерни светла. Напред се наоѓаат и елегантни тенки фарови.

За внатрешноста на кабината нема информаци ниту фотографии.
СУВ возилото би можело да го добие името Eclipse што компанијата го напушти во 2011 година по четирите генерации на спортскиот модел.

Продажбата на моделот е планирана за втората половина на годинава.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја