недела, 25 јули, 2025 година

Ова е најскапиот тркачки автомобил во светот – продаден за 51 милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Еден од историски најпознатите тркачки автомобили во светот, Mercedes-Benz W 196 R Streamliner од 1954 година со број на шасија 00009/54, е официјално најскапиот тркачки автомобил досега. На аукција од RM Sotheby во музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, продаден е за неверојатни 51.155.000 евра на уникатен и ексклузивен настан.

Го надмина 250 GTO
Mercedes W 196 R го привлече интересот на колекционерите на автомобили од целиот свет и беше предмет на жестока војна  на наддавање, и на лице место и преку телефон, пред аукционерот за последен пат да го удри чеканот.

- Advertisement -

Ако никогаш не сте слушнале за овој посебен спортски автомобил, тој е еден од неколкуте историски тркачки автомобили познати како познатите „сребрени стрели “(Silver Arrows) – на Mercedes, кои доминираа на Гран-при трките непосредно пред и по воениот период.

Предметниот W 196 R, особено, беше развиен за новите регулативи воведени во 1954 година со мотори до 2,5 литри зафатнина и веднаш се покажа како тркачки автомобил што треба да се победи о конкуренцијата, а бил возен од такви возачки легенди  како што се Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос.

Навистина уникатна аукција
Аукцијата со оваа специјална ѕвезда се одржа во истата просторија каде што беше продаден Mercedes-Benz 300 SLR „Uhlenhaut Coupé“ во 2022 година, кој со приход од 135.000.000 евра беше официјално признат како најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција.

На маргините на настанот, Маркус Брајшверд, извршен директор на Mercedes-Benz Heritage GmbH, коментираше:

„Нашите сребрени стрели несомнено се меѓу најкултните и најпосакуваните автомобили што некогаш направени. Тие се блескави ѕвезди на сводот на мотоспортот и автомобилската историја“.

Горд Даф, глобален шеф на аукции во RM Sotheby’s по тој повод рекол:

„Тешко е да се прецени значењето на оваа продажба. Овој автомобил е едноставно еден од најважните тркачки автомобили во историјата и е чест за RM Sotheby’s да го продаде толку успешно во корист на Мотор Спидвеј Музејот во Индијанаполис (Indianapolis Motor Speedway Museum).

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја