Roma – новиот автомобил на Ferrari кој остава без здив

ОБЈАВЕНО НА:

Неочекувано и без многу тизер најави, Ferrari во главниот град на Италија го презентираше најновиот модел кој го носи токму називот на овој град – Roma.

Roma претставува спој на италијанскаата префинетост од една страна и високите перформанси од друга страна. Со невообичаен дизајн на предниот дел особено светлата, како и задниот дел, овој автомобил ја најавува футуристичката иднина на брендот.

Во официјалното соопштение се наведува дека располага со 3,9 литарски V8 турбо мотор кој продуцира 456 kW односно 620 КС при максимални 7.500 обртаи во минут.

Ferrari Roma

Благодарение на овој мотор, а искомбинирно со тежината од 1.472 кг, Roma до 100 км/ч забрзува за 3,4 секунди, а до 200 км/ч за 9,3 секунди.

При тоа максималната брзина која може да ја постигне е нешто над 320 км/ч.

Ferrari Roma

Од останатите информации, познато е и дека должината изнесува 4.656 мм, широчината 1.974 мм, висината 1.301 мм, додека пак меѓуоскиното растојание 2.670 мм.

Цената како и почетокот на производство засега не се откриваат.