Доаѓањето на новиот Jeep Compass е се поблиску и поблиску, и знаеме дека ќе дебитира во текот на годината, иако сè уште нема точен датум. Треба да се претстави во ноември, а во меѓувреме Stellantis почнува да покажува по малку од новиот модел.
Така, по првата скица објавена во октомври 2024 година, тука доаѓаат нови слики кои ја прикажуваат новата генерација на компактниот теренец.
Сето тоа се случува во видеото „TechTalks with Ned Curic: Ep.1 – AI“, каде шефот на одделот за инженерство и технологија на Групацијата зборува за тоа како вештачката интелигенција ја трансформира автомобилската индустрија. И тука во минута 1:20 се појавува новиот Jeep Compass 2025.
Прашање за сродство
Ова се технички цртежи присутни на компјутерите на инженерите, така што ништо не открива некои посебни естетски карактеристики на новиот Compass, но можеме да видиме какви ќе бидат неговите пропорции и разликите со Peugeot 3008.
Зошто го споредуваме со францускиот SUV модел? Лесно е да се одговори на тоа прашање: двата модели ќе ја делат Stellantis STLA Medium платформата. Но, има и нешто повеќе. По неколку кадри, се појавува дизајнот на 3008, кој набргу потоа се трансформира во Compass, со промени на лакови на тркалата, покривот и некои странични панели. Да покажеме што ќе се смени, а што не меѓу двата SUV модели.
Блиска врска која секако не треба да изненадува: практично секоја автомобилска група дели некои елементи (естетски и механички) помеѓу различни модели, приспособувајќи ги другите. Тоа е економија на обем.
Што гледате?
Надвор од точките на допир помеѓу Compasse 2025 и 3008, новиот американски SUV – кој сепак ќе се произведува во Италија, во фабриката во Мелфи – се чини дека има вертикални странични површини, типични за марката и инспирирани од светот на off road возилата. Предниот дел е исто така извонреден одраз на Jeep, со 7-те отвори за вентилација на предиот дел (маската), како и квадратни лакови над тркалата.
Во техничките цртежи можете да ја прочитате и тежината на новиот Jeep Compass. Во минута 1:26 можете да го видите натписот J4U (шифра за третата генерација на компактниот SUV) BEV маса: 2.470 kg. Значајна маса, во однос на електричната верзија.
Како што знаеме веќе некое време, Compass 2025 ќе биде достапен со различни погонски единици: благ (mild) хибриден и 100% електричен, токму како и другите модели базирани на STLA Medium. Веројатно ќе ги користи истите оние кои се веќе видени на Peugeot 3008, иако може да усвои и специфични решенија за максимизирање на возењето надвор од патот

Следете не и на:

