Nissan ќе го одврзе кесето: Дилер доби спор вреден 256 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешен дилер на Nissan доби спор вреден 256 милиони долари како отштета од страна јапонската компанија по колапсот на неговата дилерска мрежа во Калифорнија пред осум години.
Михаел Кан се тужи со Nissan Motors од 2010 година, поради откажување на финансирање на дилерската мрежа во периодот од 2008 до 2010 година во времето на економската криза.

Кан имал четири дилерски места на Nissan, две на Toyota, и Chrysler-Jeep-Dodge локација во Лос Анџелес и Сан Франциско, и во тоа време бил најголемиот корисник на финансиска помош од Nissan. Но, кога почнала економската криза Кан останал должен 1,6 милиони долари што неможел веднаш да им ги плати на Nissan, и бил тужен и принуден да плати 40 милиони долари на јапонскиот производител.

Набрзо следувала контра тужба во која Кан тврди дека Nissan Motor го прифаќа неговото должење и обидот да го отплати тоа, но и кажуваат дека и други дилери се соочуваат со слични проблеми.
Неделава врховен суд во Јужна Калифорнија пресудил во корист на Кан, и тоа 121,9 милиони долари како компензација и плус 134,5 милиони долари како казнена отштета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK