Јужна Кореја создава нов град за тестирање автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Први во Азија, Владата на Јужна Кореја ќе изгради нов град што ќе биде посветен на тестирањето на новите автономни возила. Наречен К-сити, местото ќе се гради на површина од 35 хектари и ќе користи технологија од локални производители како Samsung, SK Telecom и Naver, и Hyundai и Kia, пишува весникот Кореа Бизнис Тајм.

Според министерот за инфраструктура, земјиште и транспорт на Јужна Кореја, овој К-сити ќе има експерсен пат, зони за автономно паркирање и ленти само за автобуси со цел да се има впечаток дека станува збор за реален град. Местото каде се гради треба да биде подготвено во 2018 година, а владата ќе вложи 9,7 милиони за изградбата.

Минатата недела Samsung објави дека добиле одобрение за тестирање на автономни возила на јавните патишта во Јужна Кореја а земјата сака да биде лидер во полено на автономно возење.

Во 2016 година на четирипати поголема површина во Мичиген почна изградба на сличен проект.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK