четврток, 26 јули, 2026 година

Јубилеј за Opel Corsa D – 20 години за моделот што ја направи Corsa уште посилна европска приказна

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Двапати моделот беше избран за „Автомобил на годината во Македонија“ во 2007 и 2020 година.

Пред точно 20 години, Opel ја претстави Corsa D и отвори едно од најважните поглавја во историјата на својот мал градски модел. Четвртата генерација дебитираше во јули 2006 година на Саемот во Лондон и донесе сосема нов дизајн, повеќе простор, поизразен карактер и многу поширока понуда за различни типови купувачи.

- Advertisement -

Corsa D беше важна затоа што Opel тогаш не понуди само „нова Corsa“, туку практично два различни карактери во едно семејство. Тровратната верзија одеше на поспортски, речиси купе-стил изглед, додека петвратната беше насочена кон семејните купувачи и секојдневната практичност. Со должина од 4 метри, моделот доби помодерен став и поизразена појава на патот, а истовремено остана во срцето на сегментот.

Opel тогаш силно играше и на картата на иновациите. Corsa D донесе решенија како FlexFix носач за велосипеди, DualFloor багажен простор, AFL светла за во свијок и широки можности за персонализација. Токму тоа му помогна моделот да не биде само уште еден мал автомобил, туку понуда што можеше да одговори и на практични и на емотивни барања.

Opel Corsa A 3dr (1982)

Во гамата имаше место и за штедливост и за чист адреналин. Од една страна беше Corsa ecoFLEX, која според тогашниот NEDC трошеше само 3,3 литри дизел на 100 километри.
Од друга страна, Opel во 2007 година ја претстави Corsa OPC со 192 КС, а подоцна и уште поекстремната верзија со 210 КС, 280 Nm, спринт до 100 км/ч за 6,8 секунди и максимални 230 км/ч. Со тоа Corsa D покажа дека мал автомобил може да биде и рационален и многу забавен.

Успехот не остана само на хартија. Corsa D освои низа признанија низ Европа, меѓу кои „Supermini Car of the Year“ во Велика Британија, титули „Car of the Year“ во Данска, Белгија, Ирска, Хрватска, Романија, Србија и Словенија, како и наградата „Autobest 2007“. Двапати беше прогласена и за „Автомобил на годината во Македонија“ во 2007 и 2020 година.

Во одреден период беше и најпродаваниот мал автомобил во Германија, а силни резултати бележеше и на други пазари.

Opel Corsa D

Од Opel денес јасно ја поврзуваат таа генерација со сегашната Corsa приказна. Марката потсетува дека моделот и понатаму е многу важен во гамата, а тоа го покажуваат и актуелната Corsa YES специјална серија, како и најавената нова целосно електрична Corsa GSE. Таа треба да донесе 281 КС и 345 Nm, со што не само што ќе ја продолжи спортската традиција на Corsa, туку и ќе стане најмоќната Corsa досега.

Затоа, Corsa D денес не е само модел за носталгија. Тоа е автомобилот што помогна Corsa уште поцврсто да се наметне како европски bestseller, а истовремено покажа дека и во малата класа може да има стил, технологија, штедливост и вистински спортски карактер. Во многу нешта, токму од таму почнува приказната што Opel и денес ја продолжува со новите изведби на Corsa.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја