Jаto Dynamics – Renault Clio e најпродаваниот нов автомобил во Европа во мај

ОБЈАВЕНО НА:

Во зависност од тоа која агенција ги објавува резултатите, од кои пазари се истите и кои параметри се користат, понекогаш има и различни резултати за тоа кое возило е најпродавано. Во позадина на исклучително сложената економска состојба (-57%), актуелната верзија на Renalt Clio зазема позиција на најпродаваниот нов автомобил во Европа во мај.

Податоците од Jato Dynamics за изминатиот месец покажуваат дека реализацијата на Clio достигнала ниво од 16.028 примероци, а на второ и третото место со соодветни 13.125 и 10.977 единици, со Volkswagen Golf и Peugeot 208.

Вo топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Европа во мај влегуваат исто така и Dacia Sandero (10.651), Renault Captur (10.047), Volkwagen T-ROC (9.727), Opel Corsa (9.451), Dacia Duster (9.041), Citroen C3 (8.712) и Volkswagen Tiguan (8.689).

Renault доминира и на пазарот на целосно електрични автомобили во мај во Европа. Тука Renault ZOE пријави 3.679 продадени возила, а во првата тројка се најдоа и Volkswagen e-Golf со 2.474 и Tesla Model 3 со 2.178 автомобили.

Најпродаваниот хибрид со полнење (plug-in) во Европа во мај е Ford Kuga (1.650), а во топ 5 се уше и: BMW X3 (1.365), Volkswagen Passat (1.139), BMW X5 (1.079) и Mitsubishi Outlander (1.024).

Со 5.185 продадени автомобили во мај, Toyota Corolla е најпродаваниот автомобил кој се најде во понудата во сегментот на хибриди кои не се полнат, а во првата тројка се и Toyota C-HR (4.831) и Toyota RAV-4 (4.360).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK