Opel го претстави својот најнов модел – Grandland Electric AWD, првиот целосно електричен Opel со погон на сите тркала, со што го проширува понудениот избор во рамки на семејството Grandland. Со моќност од 239 kW (325 КС) и максимален вртежен момент од 509 Nm, овој SUV нуди исклучителни перформанси и опсег до 501 km (според WLTP), со забрзување од 0 до 100 km/h за само 6,1 секунда.
Моделот се одликува со четири режими на возење – 4WD, Sport, Normal и Eco, што му овозможува прилагодување кон индивидуалните навики и условите на патот. Комбинираниот електричен погон вклучува мотор на предната оска од 157 kW и дополнителен мотор на задната оска од 82 kW, овозможувајќи стабилност, ефикасност и сигурност во секојдневното возење.
Во поглед на дизајнот, новиот Grandland носи карактеристики кои се препознатливи за Opel – 3D Vizor преден дел, осветлен амблем Blitz и Intelli-Lux HD предни светла со над 50.000 индивидуални светлосни елементи. Задниот дел се одликува со осветлен натпис „OPEL“ и врежано име наместо хромирани букви – во согласност со стратегијата на Opel за одржливост, Greenovation.
Со коефициент на отпор на воздух од само 0,278, 20-инчни аеро фелни и аеродинамички оптимизирани браници, Grandland Electric AWD претставува најаеродинамичен модел на оваа генерација.
Просторот внатре е опремен со 73 kWh NMC литиум-јонска батерија, која овозможува брзо полнење до 80% за помалку од 30 минути. Комфорот и управувањето се подобрени со frequency selective damping амортизери, кои автоматски се прилагодуваат на условите на патот и стилот на возење.
Со пристигнувањето на Grandland Electric AWD, Opel прави нов чекор напред во својата електрична офанзива, нудејќи совршен спој на еко-одржливост, динамичност и врвна технологија.