Следната година Германија ќе остане најверојатно без трка во Формула 1 поради финансиски причини. Берни Екслтоун, првиот човек на Ф1 потврди дека промотерите на трката во Германија несакаат да ја платат цената што тој ја бара.
Во 2016 година Еклстоун им даде попуст на Германците, но сега ќе мора да платат полната цена.
Потврдата за тоа дали Германија ќе им трка би требало да дојде на 30 ноември кога Светскиот Мотор Спорт Совет ќе го објави и конечниот календар на трки за 2017 година. Доколку Германија отпадне тогаш на 30 јули кога беше предвидена оваа трка ќе се пресели во Унгарија.
На 30 септември ФИА го објави провизорниот календар на Ф1 трки, каде за Гран при трките во Монтреал, Хокехајм и Сао Паоло имаше оставено можност да има промени.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]