петок, 26 јули, 2026 година

GEELY CITYRAY СО НОВА ЛЕТНА ПРОМОТИВНА ЦЕНА – ПРЕМИУМ SUV ЗА САМО 24.490 ЕВРА

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ова лето е вистинскиот момент за нов автомобил. Geely Cityray, еден од најатрактивните компактни SUV модели на пазарот, сега е достапен по специјална промотивна цена од 24.490 евра, нудејќи комбинација од модерен дизајн, напредна технологија, високо ниво на безбедност и одлични перформанси.

Под динамичниот дизајн се наоѓа 1.5-литарски турбо бензински мотор со 174 КС во комбинација со 7-степен автоматски DCT менувач. Резултатот е забрзување од 0 до 100 km/h за само 7,9 секунди, прецизно управување и исклучително пријатно возачко искуство, како во градски услови, така и на отворен пат.

- Advertisement -

Автомобилските новинари во Македонија и регионот во своите тестови го издвојуваат Cityray по неговата стабилност, прецизност во управувањето и чувството на сигурност зад воланот. И покрај динамичните перформанси, моделот нуди и економично возење, со просечна потрошувачка од околу 6,3 l/100 km.

Безбедноста е една од неговите најголеми предности. Geely Cityray е опремен со најсовремени системи за асистенција на возачот, меѓу кои адаптивен темпомат, систем за автоматско сопирање во итни ситуации, асистенција за одржување на лентата, препознавање сообраќајни знаци и следење на мртвиот агол, обезбедувајќи поголема сигурност и самодоверба при секое патување.

Во кабината, Geely Cityray нуди премиум амбиент со висококвалитетни материјали, целосно дигитална инструмент-табла, голем HD мултимедијален екран и 360° панорамска камера, која значително го олеснува маневрирањето и паркирањето.

Промотивната понуда е ограничена и важи до исцрпување на залихите, а не може да се комбинира со други попусти или ваучери.

Доколку сакате лично да ги искусите неговите перформанси, комфор и технологија, закажете тест возење на 076 242 775 или посетете го продажниот салон на Geely на Градски Стадион-Северна Трибина во Скопје.

Geely Cityray – премиум SUV кој нуди повеќе отколку што очекувате, по цена што тешко се одбива на друго место.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја