Подбрендот на Seat, Cupra ги откри првите детали за целосно новата и 100% електрична пазарна понуда, која ќе биде вклучена во портфорлиото од следната година.
Специјално развиената на МЕВ платформата за електромобили на VW Group и произведена во фабриката на гигантот во Цвикау, Cupra el-Born ќе понуди можност за поминување до 500 километри благодарение на интегрираната на бордот батерија со капацитет од 82 kWh (77 kWh искористени).
Според првичната информација, Cupra el-Born ќе биде во состојба да понуди и ветувачка динамика на патот со капацитет за забрзување од 0 до 50 км/ч за 2,9 секунди.
Благодарение на системот за брзо полнење и достаноста на сопствена инфраструктура, батеријата на електричниот автомобил ќе може да биде наполнета за ново движење од 260 километри за само 30 минути.