BMW подготвува три верзии на M8

ОБЈАВЕНО НА:

Од BMW доаѓаат вести дека компанијата дала дозвола за М8 верзија што во иднина треба да се појави, но не само за една туку за три изведби. Тоа е најавен напад на Mercedes И нивната S Class. Според некои пишувања станува збор за M8 Coupe, M8 Conertible и M8 Gran Coupe и сите веќе се наоѓаат во фаза на цртање во дизјан студијата на BMW. Некои други шпекулираат дека новите M8 модели би требало да дојдат како наследници на серија 6.

Се претпоставува дека купе верзијата би требало прва да се појави, во 2019 година, а потоа треба да дојдат и M8 Convertible и M7 Gran Coupe во 2020 година.

2013 BMW Pininfarina Gran Lusso Concept

Досега во понудата на BMW никогаш немало модел со ознака М8, освен еден прототип што се појави во 1990 година и имал V12 мотор.Со оглед на тоа што засега сѐ е тајна нема најави какви мотори би имал М8, па тргнаа и претпоставките, од твин-турбо 4.0 литарски В8 со повеќе од 600 КС.
Кога ќе пристигне ќе биде директен ривал на Mercedes AMG S63 и S65 моделите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK