четврток, 25 јули, 2025 година

БАТЕРИЈАТА СЕ ЗАПАЛИЛА: Потрошиле 190.000 литри вода за гаснење на електричен камион

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Калифорниските пожарникари морале да потрошат 190.000 литри вода на запалената батерија на електричен камион – шлепер Tesla Semi за да го изгаснат пожарот и да го изладат камионот.

Камион се запалил откако излетал од патот и удрил во дрво, соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот (NTSB).

- Advertisement -

Покрај тоа огромно количество вода, пожарникарите од хеликоптер испуштиле и течност „успорувач на оган“ околу камионот, а поради пожарот патот бил затворен 15 часа.

Пожарникарите соопштиле дека батеријата достигнала температура од 540 степени Целзиусови додека горела.

По тој пожар на 19 август на меѓудржавниот пат североисточно од Сакраменто, NTSB вели дека ќе ги разгледа ризиците од пожар од големите литиум-јонски батерии на камионот.

Таа агенција утврдиla дека ниту еден од делумно автоматизираните системи за избегнување судир и помош на Tesla не работел во камионот и дека тие системи „не може да се вклучат“. Откако камионот бил извлечен од патот, пожарникарите го надгледувале 24 часа бидејќи литиум-јонските батерии можат повторно да се запалат по гаснењето на пожарот.

По истрагата во 2021 година, NTSB утврдило дека пожарите на батериите на електричните возила со висок напон претставуваат ризик за првите лица кои ќе почнат да го гаст пожарот и дека упатствата на производителите на возила и батерии за тоа како да се гаснат пожарите се несоодветни.

Tesla испорачува електрични полукамиони од декември 2022 година. Извршниот директор Илон Маск тогаш рече дека тие електрични камиони имаат досег со полни батерии од 800 километри со 37 тони товар на приколката.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја