Германските производители на возила се подготвени да дадат голем придонес кон намалување на загадувањето и на замена на старите возила што се наоѓаат на улиците. Во исто време кога Volkswagen најави дека ќе им овозможи на оние што сакаат да купат ново возило да им даде субвенција до 10.000 евра, слично нешто понуди и Audi.
Акцијата на Audi се однесува на замена на дизелските мотори со Еуро 1 до Еуро 4, за новите модели на компанијата кои сега се со Еуро 6 ознака. Субвенциите се во износ од 3.000 до 10.000 евра во зависност од моделот што се купува. Тоа ќе се однесува и на следните модели на Audi, но засега е без детали.
Понудата се однесува за сите модели на Audi, но само за купувачите во Германија и тоа до 31 декември годинава.
За оние што сакаат да купат Audi so плаг-ин хибрид или g-Tron модел што користи CNG ќе добијат уште подобра понуда, а за новите модели што допрва ќе дојдат како A4 Avant g-tron и A5 Sportback g-tron ќе добијат вкупно 9.500 евра попуст.
Мерките доаѓаат по договорот на Audi, BMW, Daimler и Opel со германската влада за помагање на процесот на замена на старите модели со нови и возила што ќе бидат по „еко френдли“.