И Бугарите ставаат крај на измамите: Нема враќање на километражите

ОБЈАВЕНО НА:

Ако во минатото сите знаеја дека на најголемиот број на половни возила што се продаваат во Бугарија им се враќаат километражите во иднина тоа ќе се казнува, и тоа „дебело“. Оние трговци што ќе бидат фатени да го прават ова ќе бидат казнети со 2 до 7 илјади лева (1.000 – 3.500 евра) з аманипулирање.

Казните ќе бидат ставени во закон, а сега е во тек второто читање на предлозите. Нејасно сепак останува прашањето како точно ќе биде докажано дали километражата на даден автомобил бил “чепкан” во Бугарија или во државата од која е увезено возилото. Пратениците донеле одлука дека километражата може да биде сменета само во случај на дефект, а промената ќе биде направена со посебна декларација од извршената поправката, каде треба да биде наведено датумот, како и покажување на неисправната километража.

Манипулацијата со километражата не е феномен типичен само за Источна Европа. Според податоците на полицијата, само во Германија “се враќа” километражата на два милиони автомобили годишно. А тоа е причина за сериозен економски проблем – ако се знае дека за секој “наместен” автомобил се заработуваат од 3.000 евра на нагоре, излегува дека годишно во Германија препродавачите што тоа го работат прибираат бесправно по 7 милијарди евра!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK