Неколку луксузни хотели, шик квартали за живеење, модерен аеродром, кула со висина од 345 метри… Ова е само дел од објектите коишто би требале да бидат изградени среде пустина во Египет, а тоа би требало да биде проект со кој ќе биде воодушевен целиот свет.
„Работам повеќе од 12 часа на ден на тоа фиктивно градилиште, на кое никој не оди ниту да погледне нешто“, вели еден од градителите кој има изгорено од Сонцето.
Местото се наоѓа на 45 километри источно од Каиро меѓу патиштата за Суецкиот канал и Ајн Сохна. Таму камионите се движат по нов патишта кои се наоѓаат меѓу широк песочен терен кој е сосема празен.
„Имаме еден голем сон којшто сакаме да го реализираме“, вели Халед ел Хусеини кој е поставен од властите да го престави местото пред јавноста.
Дека се работи за исклучително важен проект кој би требало да донесе големо привлекување и на туристите говори и еден од архитектите, кој вели дека новиот град ќе може да се спореди со Каиро и смета дека тоа ќе биде Ново Каиро во Египет.
Идејата е почната во 2015 година од претседателот Абдел Фатах ас Сиси, а веќе две години се работи на идејата за градење на овој град. Градот би требало да биде на површина од 170 квадратни километри, а се очекува да стане функционален уште во 2019 година кога постепено ќе почне влесувањето на над 6 милиони лица.