Двете јапонски компании потпишаа меморандум за развој на модел на Honda. Пикапот е планиран за пазарите во Југоисточна Азија во 2028 година.
📲 Автомобилските вести – директно на твојот мобилен!
Приклучи се на viber – https://abit.ly/24auto-viber и следи ги новостите од светот на автомобилите.
🚗 Со еден клик до сите вести!
Honda ќе понуди пикап развиен врз основата на Mitsubishi Triton. Компаниите потпишаа меморандум за соработка, а моделот е планиран за продажба на пазарите во регионот АСЕАН од 2028 година.
За Honda ова е начин брзо да влезе во сегментот на пикапи во Југоисточна Азија, каде што во моментов нема таков модел во понудата. Mitsubishi, од друга страна, очекува соработката да го зголеми обемот на производство во фабриката во Тајланд.
Triton е пикап со носечка рамка, наменет и за потешки работни услови. Засега не се објавени изгледот, моторите, опремата или разликите меѓу моделот на Honda и Mitsubishi. Компаниите велат дека станува збор за развој на модел на Honda врз основата на Triton, па конкретните детали ќе треба да почекаат.
Најавата се однесува на пазарите во Југоисточна Азија.
🚗 Читај 24AUTO.MK и на Viber!
Автомобилски вести директно на твојот мобилен.
📲 Viber групата на семејството на 24AUTO.MK. и биди во тек!








